WWW.RU.I-DOCX.RU
БЕСПЛАТНАЯ  ИНТЕРНЕТ  БИБЛИОТЕКА - Электронные документы
 

«Профилот на идниот преведувач и толкувач во пресрет на влезот на Македонија во ЕУ м-р Татјана Уланскам-р Весна Коцева Филолошки факултет, ...»

Профилот на идниот преведувач и толкувач во пресрет на влезот на Македонија во ЕУ

м-р Татјана Уланскам-р Весна Коцева

Филолошки факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

Апстракт: Целта на овој труд е да ја истакне потребата на нашиот факултет за следење на промените на преведувачката дејност во поглед на технологијата, глобализацијата и можностите за вработување на преведувачкиот кадар кој излегува од нашите клупи. На студентите од насоката за превод и толкување би требало да им се претстават сите можности кои ги нуди нивната професија со цел да се пронајдат себеси и да ги насочуваат своите интереси уште во процесот на студирање. Овој труд има за цел да информира за промените во оваа дејност како и да претстави дел од можностите за вработување на преведувачите и толкувачите.

Клучни зборови: преведување, професија, вработување, ЕУ

The profile of the future translator and interpreter in the accession process of the Republic of Macedonia into the European Union

Tatjana Ulanska, M.A.

Vesna Koceva, M.A.

Faculty of Philology, Goce Delcev University, StipAbstract: The purpose of this paper is to bring out the need of the Faculty of Philology to keep up to date with the innovations in the field of translation in regards to the technology, globalization and the opportunities for employment of the translators and interpreters who complete their undergraduate studies at our Faculty. The students from the translation and interpretation strand should be presented with the opportunities that this profession offers in order to help them focus their interests while still studying. This paper aims to inform about the state-of-the-art developments in this profession as well as to present some opportunities for employment for the translators and interpreters.



Key words: translation, profession, employment, EU

Вовед

Колку нашите студенти се запознаени со можностите на преведувачката професија? Оваа дејност нуди широк спектар на можности за кои ќе се дискутира во овој труд. Имено, она за што ќе се обрне посебно внимание овде се промените кои се случуваат во овој домен во последната деценија, како и да претстави дел од можностите за вработување на преведувачите и толкувачите. Овој труд има за цел да ги покаже новите можности за преведувачите кога и Македонија ќе стане дел од европското семејство. Самата можност која им се отвора на нашите студенти носи сама по себе и одредени предуслови на кои тие треба да одговорат. Новиот голем пазар кој ќе се отвори ги наметнува и своите специфики. Работењето во тим, наспроти индивидуално, е една од позначајните промени во начинот на работа.

1. Можности за вработување на преведувачите

Европскиот парламент досега претставуваше една огромна можност за работа за голем број преведувачи на сите земји членки. Мултилингвизмот е длабоко вкоренет во Европскиот парламент, уште од неговите почетоци, како дел од политиката на европската унија за лингвистичка и културна разновидност, транспарентност и демократија. Според правилникот на европскиот парламент, претставниците на секоја земја членка го поседуваат правото да ги добиваат материјалите за работа, да ги следат дебатите и да зборуваат на својот јазик. Непотребно е да се потенцира колку се големи можностите на нашите преведувачи во пресрет на влезот на Македонија во Европската унија. За ова сведочи фактот што во Directorate General for Translation при Европската унија се вработени над 2500 луѓе кои работата директно на и околу процесот на преведување.





Македонија во моментов се наоѓа предпристапниот период кој наметна подготовка за преведување на правните акти на Европската унија. Веќе постои еден документ во кој се дадени насоки за преведувачите, правните и стручните ревизори кои секојдневно работат на подготовката на националната верзија на acquis communautaire. Станува збор за Прирачник за преведување за да се обезбеди конзистентност при преведувањето и восприемањето на карактеристичните термини што се сретнуваат во правните акти на Европската унија. Прирачникот содржи унифицирање на преводите на одделни делови на правните акти на ЕУ при тоа земајќи ги предвид причините што довеле до тоа еден ист вид на акт да има одредени разлики, земајќи ги предвид прописите на македонскиот литературен јазик, како и спецификата на јазикот на кои се напишани правните акти на Европската унија. Прирачникот вклучува повеќе примери за преведување кои се прилагодени согласно со прописите на македонскиот литературен јазик, при тоа не нарушувајќи ја природата на јазикот на кој се изработени правните акти на Европската унија. Овој прирачник претставува помошно средства при секојдневната работа на сите учесници во процесот на подготовка на националната верзија на правните акти на Европската унија, каде во голема мера учествуваат преведувачите.

Од лингвистички и од правен аспект, голем предизвик е да се пронајде соодветен одговор на новите поими и концепти што ги носи самата процесна европска интеграција во однос на нормативите на стандардизираниот македонски јазик, од една страна и во однос на постојниот правен систем на Република Македонија, од друга страна, а со крајна цел обезбедување на прецизна и квалитетна национална верзија на правото на Европската унија. Овој Прирачник јасно ги истакнува основните критериуми и цели на преведувањето за Европската Унија.

Покрај Прирачникот Секретаријатот за Европски Прашања веќе има изготвено и Речникот на термини кој претставува нова појава во македонскиот јазик кој претставува своевиден компромис помеѓу постојните јазични правила и доловување на вистинската смисла на термините. Во прилог на тоа, скратениците, кои с повеќе се употребуваат како резултат на с поголемата употреба на документи на англиски јазик, а за кои е неопходно дополнително утврдување и проширување на правописните норми со цел следење на движењата во јазикот како одраз на случувањата во општеството, беше извор на голем број дискусии и полемики. Сепак, се пронајдени јазичните решенија во Речникот на термини: Европската унија и претпристапната помош ќе дадат свој придонес кон унифицирање на терминологијата во областите што ги покрива, како и добра основа за натамошни дискусии и утврдување на посоодветни македонски еквиваленти.

2. Интердисциплинарноста на преведувачкиот процес

Преведувачкиот процес има една сосема поинаква димензија од онаа што е досега попозната и повеќе барана на нашите простори.

Имено целиот процес на преведување, како на пример за гореспоменатата можност во Европската Унија, вклучува преведувач, јазични ревизори, правник ревизор, соработка со административниот кадар од институцијата за која се врши преводот, итн. Во последно време се повеќе се обрнува внимание на специјализирање на преведувачите за преведување на посебни тематски области. Целиот овој интердисциплинарен процес е направен со цел да се добие високо квалитетен превод. He може да се очекува секој преведувач да има стручно познавање од сите области, па затоа се потребни консултации со стручни лица, иако треба да се нагласи дека целокупната одговорност за преводите паѓа на самиот преведувач, со оглед на тоа дека тој честопати треба да одбере меѓу различни решенија дадени од страна на различни стручни лица. Освен тоа, потребно е во текот на работата да се создаде база на термини, како и поимник на изрази и термини. Тоа се најважните алатки кои се употребуваат во процесот на усогласување. Пресметано е дека самиот превод опфаќа 30-40% од работата, а останатото е ревидирање, исправки, барање зборови и советување со стручни лица. Секако не смее да се изостави и обврската на преведувачот да внимава на стилот. Многу е важно во преводот да биде запазен стилот на изразување карактеристичен за домашното законодавство.

Барањето на Европската Унија од земјите кандидатки за влез, да изготват национална верзија на „acquis communautaire“ всушност претставува еден начин на кој тие го наметнуваат нивниот пристап на работа, го едуцираат и го подготвуваат тимот кој работи на преведување за ЕУ.

3. Алатки при преведувањето

Денес на пазарот можат да се најдат многу електронски алатки кои се користат при преведувањето. Овие алатки се разликуваат од машинскиот превод. Тие служат како помош за преведувачот при терминологијата. Овде можеме како пример да ја наведеме алатката CAT (Computer-Aided Translation) или компјутерски помогнато преведување, која пронаоѓа веќе преведени такви текстови и помага при усогласување на термините.

Во целиот процес на преведување за Европската Унија постои една шема низ која се процесира секој добиен текст за превод за да се дојде до крајниот производ – преводот. Имено, постојат софтвери од идентификување на текстот и испраќање на соодветниот преведувач, кој пак преку користење на софтверот Euramis (користење на „преведувачката меморија“ на Directorate General for Translation) за да се поврзе со соодветните ресурси кои постојат веќе, потоа DGT Vista, Euro-Lex која претставува електронска датотека на законите на Европската унија, IATE која претставува терминолошка датотека на сите институции на Европската унија. Овие софтвери можат да бидат од голема помош ако го земете во предвид фактот дека честопати текстовите на изворниот јазик можат да бидат нејасни, па поради тоа потребно e да се користат текстови напишани и на друг јазик (на пример, германски или француски јазик) кои постојата во „меморијата“ достапна за нивните преведувачи.

4. Сертифицирање на преведувачите

Глобализацијата навлегува во сите полиња од општествениот живот, па така и во сферата на преведувачките услуги. Постои тенденција за побарувачка на преведувачката услуга од сертифицирани доставувачи на истата, посебно што се однесува до јавните набавки, државните тендери и сл. Во последно време сертифицараноста на преведувачи има улога и на маркетиншко средство од причина што се повеќе и повеќе побарувачите на оваа услуга гледаат на сертификатот како на знак за професионалност и доказ за квалитет.

4.1. Домашни сертификати и овластувања

Она што го нуди нашата држава е тестирање за добивање печат за судски преведувач. Тестирањата се вршат во министерството за правда од каде се и добива решение со кое еден преведувач, со положен испит, може да стане овластен судски преведувач.

4.2. Странски сертификати

Сертифицирање на преведувачите станува потреба на пазарот на трудот. Иако кај нас се уште нема таква побарувачка на локалните тендери, сепак, како што веќе спомнавме, работата надвор од границите е во природата на оваа професија, секој преведувач кој е дел од некоја преведувачка компанија или работи самостојно треба да размислува за аплицирање и добивање на сертификат. Еден пример на ваков вид сертификати е LICS (Language Industry Certification System) со кој се потврдува дека се запазени стандардите за квалитет на јазичните услуги. Имено овој сертификат значи дека преведувачот успешно ги положил стандардизирани тестирања, ги поминал интервјуата и се здобил со сертификат кој е во согласност со EN 15038 Услови за нудење на услуги – Преведувачки услуги според глобално прифатени стандарди кој важи шест години, со проверка на квалитет на секои две.

5. Потреба за изучување и следење на протокол при превод

Преведувачите често се наоѓаат во непријатни ситуации кои не се поврзани со самиот процес на преведување или нивната професионална компетентност. Ваков вид на ситуации често се случуваат при симултаното и консекутивното преведување. Имено, покрај доброто познавање на јазикот од кој и на кој се преведува, потребно е овој профил на професија да има одредено познавање и од протоколот и етикецијата. Преведувањето на пример за високи претставници или поголемите деловни контакти меѓу компаниите од сите делови на светот бараат извонредно познавање на културата, обичаите и традициите на деловните партнери од страна на преведувачот. Неизбежна е потребата да се изучуваат главните карактеристики на однесување во другите религии и нации, како и различноста и значењето на гестикулацијата. Како треба да биде облечен, каде треба да стои, да биде максимално објективен и други слични прашања треба да се изучуваат.

Во природата на преведувачката професија е и глобализацијата која може да биде голем предизвик, но и бескрајна можност за грешки. Поголемиот дел од грешките се должи на непознавање, а не на лоши намери. Вистинските преведувачи треба да знаат дека мултикултурните манири се дел од основното познавање на протоколот и етикецијата. Културните погрешни комуникации, недоразбирањата и погрешните концепции може да имаат најсериозни последици.

6. Заклучок

Промените во побарувачката на преведувачката услуга кои полека но сигурно се наметнуваат во Македонија треба да бидат водич на филолошкиот факултет кој обучува кадар од ваков профил. Треба да се направат промени и прилагодувања на наставната програма со кои нашите дипломци ќе можат да бидат во чекор со моменталните и идни потреби на јазичната индустрија воопшто. Како дел од наставата треба да се вклучи протоколот при преведување со што нашите студенти ќе се запознаат со значењето и важноста на нормите кои треба да се почитуваат. Можеби за студентите кои студираат странски јазик и се обучуваат да бидат преведувачи треба да се направи специјален курс по информатика каде ќе се изучуваат електронските алатки кои го потпомагаат процесот на преведување. Доколку сите промени во оваа дејност им се доближат на студентите во текот на студирањето, тие би имале подобри можности да си го најдат местото на пазарот на трудот.

Библиографија:

1. Прирачник за преведување на правните акти на Европската унија, ПроПоинт, Секретаријат за европски прашања - Влада на Република Македонија 2010, Скопје

2. Речник на термини: Европската унија и претпристапната помош, Аркус,Секретаријат за европски прашања - Влада на Република Македонија 2007, Скопје

3. Translation tools and workflow: Luxembourg Publication Office of the European Union, 2012, European Union

4. Translation tools and multilingualism: Luxembourg Publication Office of the European Union, 2012, European Union

Похожие работы:

«КРЕСТЬЯНСКО-ФЕРМЕРСКОЕХОЗЯЙСТВО "САЛАМАТОВ АНДРЕЙ АНАТОЛЬЕВИЧ" 427627, Удмуртия, Глазовский район, д.Полынга, ул.Центральная 6, р/с 40802810068090100347 в Удмуртском отделении № 8618 г. Ижевск, корсчет 30101810400000000601, БИК 049401601 Телеф...»

«Досуг, посвященный Дню защиты детей, "В стране чудес".Мальвина: Здравствуйте, Здравствуйте, Здравствуйте! Мы рады приветствовать вас! Как много светлых улыбок Мы видим на лицах сейчас.Пьеро: Первый день июн...»

«ТЕСТ ЧЛЕНИСТОНОГИЕ1. К какому классу относят членистоногих, тело которых состоит из трёх отделов: головы, груди и брюшка1) насекомых2) ракообразных3) паукообразных4) клещей2. Какие функции выполняет кровеносная система насекомых1) участие в газообмене2) транспорт газов и осморегуляция3) участие в частичном расщеплении пита...»

«77032235403 Опубликовано на сайте 26.05.2017, в печатной версии — 27.05.2017 27.05.2017 Организатор торгов конкурсный управляющий ОАО "Липецкэнергоремонт" (ОГРН 1034800570254, ИНН 4822001149; адрес: г. Липецк, ул. Московская, д. 38 А) Фурсов Сергей Викторович (ИНН 482603731630, СНИЛС 059-572-238-9...»

«Каузативный оборот в английском языке Формула №1. Subject    +            have                       +  Object (дополнение)           + V3 Подлеж.        (в нужном времени)         неодуш.сущ.                 причастие прош.времени(Ему починили часы)1. В кауз...»

«Вправа “Сенкан” Сенканце вірш,що синтезує інформацію і факти у стисле висловлювання,яке описує чи відображає тему. Його можна складати на різних уроках, головне, щоб тема була цікава. Ця стратегія вимагає від у...»

«Список участников соревнований по фигурному катанию на роликовых коньках "Зеленоградские виражи" г. Москва, г. Зеленоград, ФОК "Савёлки" 14 февраля 2016 г. 9.00 9.45 КМС + II спортивный р-д 1 Носова Анастасия (КМС) КП 1998 "Орбита" Зелено...»

«АТАКСИЯ Зарифбой Ибодуллаев Тошкент тиббиёт академияси   Атаксия координация ва мувозанатнинг бузилиши бўлиб, нерв системасининг турли тузилмаларни зарарланганда рўй беради. Атаксиянинг асосий белгиси – тик турганда ва юрганда чайалиб кетишдир. Тик турганда чайалиб кетишга статик атакси...»

«Создаём новый проект и вводим его имя: File-New – название проекта. (Рисунок 1). Рис. 1. Создание нового проекта. Выбираем размер сети (выбираем office). и нажимаем клавишу Next (Рисунок 2) Рис. 2. Выбор размера сети Выделяем Sm_Int_Model_List, при этом в поле Include появится надпись Yes – означающая, что этот пакет включен...»

«Договор поставки № г.Екатеринбург ""я 2013 года, именуемое в дальнейшем "Покупатель", в лице _, действующего на основании Устава, с одной стороны, и "ЖБИ-Комплект", именуемое в дальнейшем "Продавец...»








 
2017 www.ru.i-docx.ru - «Бесплатная электронная библиотека - электронные документы»

Материалы этого сайта размещены для ознакомления, все права принадлежат их авторам.
Если Вы не согласны с тем, что Ваш материал размещён на этом сайте, пожалуйста, напишите нам, мы в течении 1-2 рабочих дней удалим его.